еМагазин
Image default
Бизнис

КХВ трајно му ја одзема дозволата на „Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент“

Комисијата за хартии од вредност на итна седница со која претседаваше претседателот на Комисијата, Нора Алити поради измамнички и манипулативни дејствија донесе решение со кое трајно му ја одзема дозволата на Друштвото за инвестиционо советување „Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент“ ДООЕЛ Скопје, чиј управител е Виктор Мисовски.

Комисијата трајно му ја одзема дозволата за работење и на лицето Дејан Делимитов, кој е овластен инвестиционен советник во  друштвото.

„Управителот на Друштвото Виктор Мисовски противзаконски преправал оригинална исправа и таквата исправа ја употребувал како вистинска, со што има  основано сомневање дека сторил кривично дело фалсификување на исправа.

Истовремено, друштвото не ја одржувало основната главнина и потребните ликвидни средства во секое време, што е негова обврска согласно член 149 од Законот за хартии од вредност.

Исто така, друштвото склучувало договори за непосредно  управување со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент за што нема дозвола од Комисијата, со што го прекршило член 172 од Законот за хартии од вредност и се вклучило во активности со кои ги доведувало во заблуда клиентите или пак имаат за цел нивна измама“, појаснуваат од КХВ.

Оттаму додаваат дека со цел да му се оневозможи на друштвото да прима нови уплати на парични средства, како и заради заштита на правата и на правните интереси на клиентите со веќе склучени договори, Комисијата за хартии од вредност на денешната седница на 26 февруари, 2021 година, донесе и решение за замрзнување на парични средства на сметките на „Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент“ ДООЕЛ Скопје во банките и во другите финансиски институции.

„За утврдените злоупотреби извршени од „Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент“ ДООЕЛ Скопје  Комисијата ги извести другите надлежни органи.

Со трајното одземање на дозволата за работа Ј.К.Морган и Велтх ДООЕЛ Скопје не смее да ги извршува сите услуги за кои има добиено дозвола од КХВ, поради што Комисијата го избриша од Регистарот на друштва за инвестиционо советување, кој го води на својата веб страна“, соопшти КХВ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Смени во менаџментот на Адинг

Редакција

Ејуп Рустеми од „Пошта“ ќе биде новиот директор на Државни патишта

Редакција

Поскапува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат

Редакција