еМагазин
Image default
Локално

За 4 часа казнети 74 јавни превозници: Од нив, дури 39 за неисправен уред за кочење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во периодот од 8 до 12 часот, санкционирало 74 превозници на возила што вршат јавен превоз, од кои 28 територијата на СВР Тетово, а 15 на територијата на СВР Штип.

Како што информира Министерството, 39 имале неисправен уред за кочење, пет неисправен уред за управување, како и други прекршоци, за кои се поднесени соодветни поднесоци.

„Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли и во наредниот период, со цел обезбедување на поголема безбедност на патиштата во државата“, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко повреден пешак по удар од „Шевролет матиз“

Редакција

Пијан скопјанец пред сопругата и синовите сакал да убие познаник

Редакција

ЈСП со летен возен ред: Кои билети ќе останат бесплатни во текот на летото

Редакција