еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Звучни имиња на новата листа должници на УЈП

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави новата листа на должници за долгови доспеани до 31.10.2020 и неплатени до 31.01.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и други давачки, а за кои вкупниот износ на долгот повисок од 120.000 денари за физичките лица и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На листата објавени се 1.880 должници – правни лица и 2.818 физички лица.

Вкупно објавениот нето долг во листата бр.02/2021 изнесува 10,2 милијарди денари или околу 167 милиони евра.

На листата можат да се забележат познати имиња на компании, физички лица и спортски клубови. Така, кумановскиот бизнисмен Бајруш Сејдији должи 112, милиони денари, струшкиот бизнисмен Георги Миладинов должи 8 милиони денари, ФК Вардар должи 40,7 милиони денари, Трансмет шпед должи 58 милиони денари…

Целата листа ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Топ пет должници на УЈП: ТЕ-ТО со долг од 11,2 милиони евра убедливо на врвот

Нова листа должници на УЈП: 4.698 граѓани и фирми должат 167 милиони евра за неплатени даноци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не ни требаат границите затоа што не спречуваат да извезуваме меѓу себе, рече Ковачевски на средбата со Рама и Вучиќ

Редакција

Детален преглед низ Македонија: Во Гевгелија и Кавадарци вакцинирано половина од населението

Редакција

Лотарија на Македонија со намалена добивка

Редакција