еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 49 пациенти, а вкупно се лекуваaт 297

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 49 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здраваство.

„Вкупно 297 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 17 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 нови приеми на пациенти  и 10 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле биле примени 12 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 26 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 40 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 93 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 24 пациенти.

На ГАК има 6 хоспитализирани ковид позитивни пациентки,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 53 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Како фирмата за надзор на коридорите 8 и 10д од несоодветна со решение на Влада станува соодветна?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Вкупно 227: Само 1 новозаболен здравствен работник со коронавирусот во Македонија

Редакција

Пендиков ќе добие стан, обезбедување и бугарско државјанство по итна постапка

Редакција