Силен земјотрес со магнитуда од 6,3 степени ја погоди Централна Грција. Засега нема информации за повредени или причинета материјална штета.
Епицентарот на земјотресот бил 22 километри западно-северозападно од Лариса, според Европската медитеранска сеизмолошка станица.
Земјотресот беше почувствуван во Македонија, но и во другите балкански земји, а бројни афтершокови биле забележани по силниот удар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонка која живее во Лариса за МИА: Беше морничаво, тресе цело време по големиот земјотрес
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.