еМагазин
Image default
Македонија

Османи: Бугарите во Македонија да побараат посебна графа на пописот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска на Фејсбук се огласи во врска со реакциите за правата на бугарската заедница во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија многу често почна да се меша во внатрешните работи на Македонија

„Во јавноста се појавија реакции за односот и правата на бугарската заедница во Република Северна Македонија. Овие реакции прво беа пласирани како мислење и ставови на одредени граѓански асоцијации, а потоа посочени како проблем и од одредени официјални претставници на Република Бугарија“, напиша Османи.

Натаму тој наведува дека Македонија има исклучително успешен модел на мултиетничко општество, а покрај, вели, колективните права на поголемите заедници, постојат функционални механизми за заштита и на помалите етнички заедници.

“Во ова смисла никој не смее да ги загрозува правата на бугарската заедница во земјава, и нивната посебност, напротив, граѓанските организации треба да бидат охрабрени да соработуваат со властите и да бидат внесени во сите механизми за остварување на своите колективните права.

Уште веднаш, претставниците на овие здруженија треба да ги контактираат пописните органи и да побараат соодветна графа во рамките на пописот, со цел утврдување на квантитативната, демографската и географска дистрибуција на оваа засебна заедница, што би придонело значајно при формирањето на идните политики и на Владата, и на соодветните единици на локалната самоуправа и воопшто на државата“, напиша Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И друго бугарско здружение во Македонија загрижено за Бугарите во земјава

Кој стои позади културниот центар Иван Михајлов од Битола, кој ја крена Бугарија на нозе

Бугарија треба до јуни да дозволи регистрација на сите македонски здруженија, тоа е главниот проблем, вели нивниот адвокат

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Избори за еден месец, во јули или во друг термин: Денеска лидерска кај Пендаровски

Редакција

Убава вест: 92 оздравени од Ковид-19

Редакција

Министерот Чулев: Со невалидна одлука Владата сака хаос во МВР

Редакција