еМагазин
ЖИВОТ

Од Ковид-19 почина Сања Илиќ, фронтмен на групата „Балканика“

Поради компликации од Ковид-19 на 70-годишна возраст вчера почина Александар Сања Илиќ, композитор, музичар и основач на групата „Балканика“, пренесоа српските медиуми.

Илиќ е роден во Белград во март 1951 година.

Настапувал во групите „Враголани“ и „Сан“, а во 1998 година ја основаше групата “Балканика“.

Со „Балканика“ настапуваше низ целиот свет, а Србија ја преставуваше и на Евровизија во 2018 година во Лисабон со песната „Нови деца“.

Фото: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Симптоми и период на инкубација на омикрон: Кога сме најзаразни и кога можеме да се сметаме за оздравени

Редакција

Жртва на групата „Јавна соба“ на “Телеграм“ за А1он: Сандачето ми е полно со машки полови органи и прашања колку треба да платат за секс

Редакција

(Видео) Доктор Трајковски: „Не е секој пациент за инфузија, но ако има домашна посета потребно е да се остави медицинска белешка“

Редакција