еМагазин
Image default
Локално

Затворен угостителски објект во Тетово, прекината свадбена веселба

На 07 март во периодот од 18.00 до 20.45 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект на ул.„Видое Смилевски Бато“.

Притоа, во објектот биле затекнати околу 80 гости.

Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а менаџерот Д.С.(38) од с.Мала Речица, тетовско, бил лишен од слобода и проиведeн во полициска станица.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниoт законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вооружен инцидент: Пукање во центарот на Тетово

Редакција

Скопјанка ги пријавила синот и сопругот за вознемирување, полицијата ги привела

Редакција

(Вознемирувачко видео) Објавена снимка од обидот за силување на жената во скопска Кисела Вода

Редакција