еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) Грција згрозена од полициско насилство врз момче во Атина, регираше и Обвинителството и политичарите

Жителите на атинската населба Неа Смирни, преку сведоштва и објавени видеа на социјалните мрежи обвинуваат за полициско насилство врз момче, за што и синоќа одржаа и протест, а реагира и Обвинителството, јави дописничката на МИА од Атина.

Според објавените видеа, полицајците тепаат младо момче кое вика дека го боли и бара да прекинат со ударите со пендреци.

Како што сведочат жители на населбата за грчките медиуми, инцидентите започнале на плоштадот во населбата кога пристигнале полицајци да извршат контроли за почитувањето на рестриктивните мерки, а група граѓани реагирале кога полицајците, според тврдењата на граѓаните, без причина сакале да казнат семејство.

Од полицијата пак, преку соопштение тврдеа дека полицијата била нападната од 30 лица, биле повредени двајца полицајци и приведени 11 лица, додека пак за видеото со насилството наредена е внатрешна истрага.

Жителите на населбата, кусо по инцидентот, одржаа собир против полициското насилство, а протестот заврши со мали инциденти.

Грчките медиуми утрово објавија дека за инцидентите реагирало Обвинителството, кое ќе отвори истрага, а целиот случај предизвика и политички реакции во Грција.

МИА/видео: Твитер/Kostas Arvanitis/Photo by Anastase Maragos on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) По митингот на Вучиќ, нов протест на опозицијата, се блокираше зградата на РТС

Редакција

По оставката на Коѕијас, Ципрас ќе го преземе неговото место за да го спроведе Договорот од Преспа

Редакција

Србија и Косово во Брисел не постигнаа договор за регистарските таблички

Редакција