еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Зголемување од 23%: За една недела 4.463 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 1 до 7 февруари покажуваат дека за една недела има 4.463 нови случаи на Ковид-19 во Македонија.

“Тестирани се вкупно 21.090 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 4,6% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 4.463 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 23,0% во однос на минатата недела.

Процентот на позитивност се движи од 13,2 до 26,7%, просечно 20,9%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.160; 48,3%), со неделна инциденца – 349,7/100.000.

Највисока неделна инциденца од 847,9/100.000 е регистрирана во Неготино (заедно со Демир Капија)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седум лица биле на возраст од 30 до 59 години: За една недела 57 смртни случаи од Ковид-19

За една недела 104 деца до 9 години заболеле од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Интерпелација за Јовески на првата нова собраниска седница

Редакција

Струмичка „Атлантис“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за набавка на авио-билети и хотелско сместување вреден 57.000 евра

Редакција

Има загинати: Утрово сообраќајка на автопатот Штип – Миладиновци

Редакција