Министерството за здравство набавката на вакцини против Ковид 19 ја врши на законски начин, почитувајќи ги начелата во договорите за набавка на вакцините на самите производители, рече министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција.
„При комуникацијата за набавка на 200.000 кинески ванкцини од „Синофарм“, не е направена каква било нерегуларност, туку некој свесно се обидува да го поткопа целоиот процес на имунизација.
Не станува збор за ништо незаконско, за ништо нерегуларно, не станува збор за некави провизии за што овие денови не обвинува опозицијата,“ потенцираше Филипче.
Тој додаде дека објавените писма од „Ла Верта“ се писма за намера какви што Министерството за здравство (МЗ) има испратено до многу компании, кои помагаат или посредуваат за набавка на вакцини против Ковид-19.
Вакви писма и комуникации владата има со компании од САД, Австрија и други земји, а на ист начин бил обидот да се набават вакцини и од „Синофарм“.
Министерот пред јавноста го објасни начинот за набавка на вакцини од кинескиот производител.
„Првиот обид за набавка на кински вакцини беше директно со „Синофарм“, МНР на Кина и амбасадата во Скопје. Откако не добивме повратни информации од таму, се обидовме преку сите можни канали, бидејќи должност ни е час поскоро да обезбедиме вакцини и тоа е нормална пракса секаде во светот.
Така стапивме во контакт со фирмата која се понуди да ни помогне во набавката. Во сите постапки кои се водеа, ја вклучивме и нашата амбасада во Пекинг, која стапи во контакт и со кинеското МНР.
Тогаш тамошното Министерство за надворешни работи, ни кажа дека во постапката не ни е потребна фирма посредник, туку тие ќе се ангажираат и вакцините ќе ги набавиме директно од производителот „Синофарм“,“ додаде Филипче.
Владата го повлече авансот и ја продолжи постапката согласно насоките од МНР на НР Кина.
„Ние и со фирмата посредник стигнавме до вакцините, но препораката од кинеското МНР беше друга и ние ја испочитувавме, овде нема ништо сомнително. Гледате каква битка во светот има за да се стигне до вакцини. За какви провизии и фантомски фирми сме обвинети, кога средствата се вартени.
Не станува збор за никава манипулации, едноставно ги пратиме насоките од кинеското Министерство за надворешни работи. Кога не би имале верба во фирмата, би имало некаков простор за манипулација сигурно би имало и некаква финансиска штета,“ додаде Филипче.
Што се однесува до тоа дека МЗ склучило договор со кој „Синофарм“ се ослободува од одговорност за ефектите од вакцината министерот појасни дека станува збор за целосно непознавање на договорите од овој тип.
„Имено ова е вообичаена пракса и составен дел од сите договори при набавка на вакцини. Тоа е пракса за буквално сите договори за кои ние сега преговараме и ги разбираме производителите зошто е тоа на нивно барање.
Свесни сме дека со тоа земаме голема одговорност и свесно ние тоа го правиме кога е во прашање здравјето на нашите граѓани. Свесно ја земаме таа обврска не само за оваа туку, за сите вакцини кои ќе дојдат во земјава,“ додаде Филипче.
Фото: МЗ