еМагазин
Image default
Локално

(ВИДЕО) Полицијата бара човек снимен како прска врата од зграда со непозната материја и бега

Станари од зграда во Тетово во полиција пријавале невообичаена појава снимена на безбедносните камери, при што се гледа сомнителен потег на човек кој ја прска влезната врата од објектот и бега со трчање. 

Зградата е спроти спортскиот центар во Тетово на улицата „Борис Кидрич“.  

– Ние сме зграда со 64 станови и околу 300 луѓе. Според камерите ова се случило во 19.30 часот, човекот прска со непозната супстанца и бега, кој знае со што и којзнае какви мотиви има.

Случајот е пријавен во полицијата. Направен е увид и дадени се снимките на полицијата за идентификување, вели Сашо Перовски, претседателот на куќниот совет.

Од СВР Тетово потврдија дека случајот е пријавен и дека се преземаат мерки за идентификување на стпорителот.

Снимката од безбедносните камери се споделува на социјалните мрежи:

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Браво за МВР: Казнети над 100 несовесни возачи на мотори и автомобили за неколку часа

Редакција

Тешко повредена малолетничка од Скопје по удар од возило

Редакција

Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ доби современ апарат за литотрипсија и нов апарат за мамографија

Редакција