еМагазин
Image default
Локално

Приведено лице кај кое се најдени 13.000 фалсификувани евра

Денеска (12.03.2021) во периодот од 10.30 до 11.20 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници на СВР Тетово извршиле претрес во домот и помошни простории на Б.Џ. (44) во тетовска Долна Лешница.

„При претресот биле пронајдени и одземени за вештачење околу 13 илјади евра во апоени од 50 и 20 евра, 250 швајцарски франци, 40 кувајтски динари, поради основи на сомнение дека се фалсификувани, обрасци за дозволи за престој во Швајцарија, заштитни маркички за фалсификување на пари, хартија за фалсификување на пари и други документи. Б.Џ. бил лишен од слобода и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 268 од Кривичниот законик („фалсификување пари“),“ информираат од МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Товарен воз удри во Авганистанец кај станицата Криволак

Редакција

Обвинителството го гони ексградоначалникот на Демир Хисар и уште две лица за незаконски вработувaња

Редакција

Жена и ja нападнала ќеркичката „пред очи“ на детско игралиште во Капиштец

Редакција