еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа е хоспитализиран 31 пациент, а вкупно се лекуваaт 436

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје е хоспитализиран 31 нов пациент поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 436 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворени се и работат ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 23 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 примени пациенти и 2 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле не биле примени нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 199 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 73 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 131 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 29 пациенти.

На ГАК има 4 хоспитализирани ковид позитивни пациентки,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумановската болница го адаптираше одделението за психијатрија и неврологија во нов Ковид центар

Редакција

Медицинската сестра немала намера да го повреди бебето на Детска клиника, утврдила Комисијата

Редакција

Општина Струмица и Карпош остануваат во ЗЕЛС

Редакција