еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Зголемување од 22,2%: За една недела 5.456 нови случаи на Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот од 8 до 14 март 2021 година, тестирани се вкупно 22.625 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 7,3% во однос на минатата недела.

„Регистрирани сe 5.456 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со зголемување од 22,2% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.708; 49,6%), со неделна инциденца – 438,4/100.000. Највисока неделна инциденца од 809,6/100.000 е регистрирана во Демир Капија.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 19,4 до 27,4%, или во просек 23,9%, идентично како минатата недела“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За една недела 116 деца до 9 години заболеле со Ковид-19

19 лица биле на возраст од 40 до 59 години: За една недела 129 смртни случаи од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Преседан на Водици во Скопје: За сплотеност и заедништво, крстот посветен на сите учесници

Редакција

(Галерија) Лукаревска: Правилно постапив што го послушав татко ми и не станав актерка

Силвана Жежова

Според првичните анкети за излезноста, повторно нема видлив победник на изборите во Бугарија

Редакција