еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Засега полицискиот час останува од 22 до 5 часот

Се наоѓаме во екот на третиот бран на пандемијата и имаме постојан раст и зголемување на бројот на активни случаи, но засега останува сегашната мерка полицискиот час да почнува од 22 часот, изјави денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Најави дека доколку се потребни нови рестрикции, тоа ќе се одлучува на следниот состанок на Комисијата за заразни болести во почетокот на следната недела.

-Утрово по координација со членовите на Комисијата за заразни болести на база на најновите податоци и анализи, тоа се процентот од позитивни изминатите денови, просекот врз основа на двонеделните бројки, констатирано е дека оние градови каде што имаше значајно зголемување на инциденцата како Валандово, Крушево, Кавадарци и Прилеп, тука се уште има значаен број пациенти кои се хоспитализирани, а има и зголемување на инциденцата во Скопје, а посебно во Гостивар и во Велес.

Тоа што беше заклучок денеска е дека оваа сегашна важечка рестрикција на движењето после 22 часот треба да остане иста, дека нема да се надополнува и дека дефинитивните резултати ги очекуваме кон крајот на оваа недела, викендов, или почетокот на следната недела, дотогаш сме подготвени да ги изменаџираме сите други активности во однос на болниците, капацитетите…, и евентуално дополнителни рестрикции, доколку треба, после состанокот на Комисијата за заразни болести, што би се одржал во почетокот на следната недела, рече Филипче.

Информираше дека во моментот има 11.889 активни случаи и раст од над 5.000 активни во последниот месец, од 15 февруари до 15 март.

Филипче кажа и дека во оние градови каде во изминатите две недели имаше зголемување на инциденцата таа сега е намалена, а онаму каде што беше мирно, сега се забележува зголемување на инциденцата.

Истакна и оти во Скопје има околу 1.100 пополнети болнички места и дека сите ковид центри во државава се во функција.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Брачен пар и нивната неродена ќерка се меѓу загинатите во нападот на православната црква во Газа

Редакција

Ислам Абази избран за наследник на Вилма Русковска

Редакција

Татко ја допирал неговата малолетна ќерка, мајката го пријавила

Редакција