Половина од граѓаните изјавиле дека би се вакцинирале, а 16% се уште се двоумат. Најголем дел од граѓаните ја преферираат вакцината на Фајзер. Од друга страна граѓаните сметаат дека Владата не прави доволно за да ја адресира состојбата со актуелната криза.
Ова се вели во истражувањето на Јавното мислење на граѓаните околу вакцинацијата спроведено од Институт за демократија.
„Институт за демократија преку Програмата за парламентарна поддршка годишно го информира Собранието за перцепциите на граѓаните за неговата работа и генералните политики во државата.
Во таа насока и оваа година го информираме Собранието, креаторите на политики и јавноста што мислат граѓаните за здравствената криза и вакцинацијата против коронавирусот.
Инфографиците се изработени во рамки на Програмата за парламентарна поддршка на Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија, спроведена од НДИ, ИДСЦС и Центарот за управување со промени – ЦУП,“ се вели во соопштението.
Фото: МЗ