еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Притвор од 30 дена за мајката чие дете настрада во пожарот во Гостивар

Мерка притвор во траење од триесет дена определи судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар на мајката чие дете настрада во пожар во стан во Гостивар.

Таа вчера беше лишена од слобода под сомнение дека го врзала седумгодишниот син со синџир за нозете, што го отежнало неговото спасување од огнената стихија. Од судот потврдија дека решението за притвор е изготвено и жената е испратена во КПУ Скопје.

Претходно, Основното јавно обвинителство (ОЈО) Гостивар издаде наредба за спроведување истражна постапка против С. Т. (36) од Ресен и живеалиште во Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело – Повреда на семејни обврски (член 203 став 2 од Кривичниот законик)

Осомничената жена, наведуваат од ОЈО, го малтретирала своето дете на возраст од седум години, кое го врзувала со ланец и катанец за креветот.

На 16 март, во станот во кој престојувало семејството избувнал пожар и затоа што било врзано за креветот детето не успеало да го напушти домот и го загубило животот. За кривичното дело за кое е осомничена жената е предвидена казна затвор од најмалку пет години.

Во меѓувреме, сè уште се работи на утврдување на причините за пожарот.

Останатите малолетни деца на осомничената се згрижени преку Центарот за социјална работа во Гостивар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведена мајката на детето кое настрада во пожарот во Гостивар

Не била пријавена никаква родителска негрижа за починатото дете во пожарот во Гостивар, кое било врзано со ланци

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Никој од обвинетите за убиството и грабнувањето на Вања и Панче не се чуствува виновен

Редакција

(ВИДЕО) Пендаровски: Ќе бидам претседател од кој нема да се срамите

Редакција

Обвинителството се жали до Апелација за пресудата за автобуската несреќа кај Ласкарци

Редакција