Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 679 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 71 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 57 болен, а во Куманово 94 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 103, во ковид центарот во Гостивар 26, а во Струга 20 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 41 пациенти, во Кочани 8 во Кичево 8, Кавадарци 74, а во Гевгелија 16 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот.
Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.193 и има околу 290 празни болнички кревети во ковид центрите.
Фото: МЗ