еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Антонио Милошоски со покачена температура хоспитализиран на Инфективната клиника

Поранешниот пратеник и министер за надворешни работи Антонио Милошоски е хоспитализиран поради покачена температура откако претходно беше во изолација поради контакт со мајка му, која е позитивна на корона вирусот.

„Почитувани пријатели, денес околу 16ч од домашна изолација бев примен на Инфективната клиника, заради повеќедневна покачена температура. Други симптоми немам, дишењето е добро, апетитот и расположението исто така.

Вчерашниот тест покажа негативни резултати на Ковид19, но по препорака на специјалист од инфективна клиника, денес направивме уште еден тест, чии резултати се очекуваат во текот на утрешниот ден. Ве поздравувам сите, а на моето семејство и на медицинскиот персонал им благодарам за поддршката.

Благодарност до сите вас за поздравите и добрите желби за брзо закрепнување. Се гледаме наскоро, се надевам во добро здравје и со добри вести. Ваш, Антонио Милошоски“, напиша Милошоски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антонио Милошоски оди во самоизолација, неговата мајка позитивна на Ковид-19

Фото: Фејсбук/Милошоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема воз Скопје-Табановце, бидејќи нема машиновозачи

Редакција

Тројца патници од Италија и Шпанија тестирани на коронавирус, резултатите негативни

Редакција

Детали од Обвинителството за групната тепачка во Кавадарци во која е убиен маж

Редакција