еМагазин
Image default
Македонија

Државната матура во законскиот рок во јуни, испитните програми ќе бидат со скратени содржини

Државната матура ќе се одржи во предвидениот законски рок, односно во јуни 2021 година, соопшти Министерството за образование и наука (МОН), кое напомнува дека полагањето е обврска утврдена со Законот за средно образование и се спроведува според Правилникот за полагање испити од државната матура.

-Учебната 2020/2021 година се одвива успешно согласно со планот и програмата, а МОН во континуирана комуникација со учениците и училиштата ќе обезбеди заеднички решенија за непречено и безбедно полагање на матурските испити.

МОН ги известува учениците од четврта година дека пријавувањето на матурските испити се одвива во соодветниот законски рок и затоа ги повикуваме матурантите до крајот на месецот да ги пријават темите за проектната задача, а до крајот на декември да ги пријават и испитите од листата за полагање, којашто е проширена со уште нови два предмета, соопшти МОН.

Оваа учебна година матурантите првпат имаат можност за реализација на матурска проектна задача во согласност со условите во кои се одвива наставата и глобалните трендови на културата и младите.

Истовремено, како што наведува МОН, во насока на ефективно и организирано полагање на испитите од државната матура, испитните програми по сите наставни предмети ќе бидат со скратени содржини.

– Полагањето завршни испити од државна матура е дел од образовните системи на сите европски земји и земјите од регионот како што се Словенија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Албанија.

Во овие земји матурските испити се реализираат непречено и со почитување на сите здравстени и безбедносни протоколи, а пандемијата не беше пречка матурските испити да се организираат непречено и во континуитет, информира МОН.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Редакција

Нови 568 случаи на Ковид-19 од 3.594 тестирања, активни 7.131

Редакција

Европратеникот Флекенштајн: Тешко замисливо е Унгарија да му одобри азил на Груевски

Редакција