еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Засега нема потреба од полициски час

Засега нема потреба од воведување полициски час, рестриктивните мерки што се досега донесени се доволни, и ако се почитуваат ќе дадат резулат во следниот период, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој повторно апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките, особено забраната за групирање на јавен простор која со вчерашната одлука на Владата е продолжена во текот на целиот ден, наместо како досега од 21 часот.

Филипче истакна дека особено загрижува групирањето на младите во парковите забележано изминатиот викенд.

– Целта на целосната забрана за групирање е токму да се спречи собирањето во парковите по 21 часот кога затвораат кафулињата и другите угостителски објекти, што носи ризик за ширење на Ковид-19, истакна министерот за здравство, одговорајќи на новинарски прашања.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија се враќале црните традиции на палење, пукање и насилство врз луѓето, порача бугарскиот министер Милков

Редакција

Хорор во Скопје: Претепал и сечел со стакло 14-годишно девојче бидејќи скршила огледало

Редакција

(Видео) Уапсен дилер на дрога, кој 15 години лежел затвор за истото дело, ќе му биде запленет имот вреден над 600.000 евра

Редакција