еМагазин
Image default
Македонија

Нов тренд: Млади луѓе во Тетово без хронични болести на болничко лекување поради Ковид-19

Во Ковид центарот во Тетово деновиве на болничко лекување се наоѓаат неколку млади лица на околу 40 години, кои немале хронични болести, а сега им е утврдено присуство на коронавирусот.

Покрај тоа значително се зголемени и бројките на прегледани лица во амбулантата на Инфективното одделение.

„Амбулантски прегледи се значително зголемени, имаме над 70 секој ден. Тоа е знак дека ќе трае бранот неколку недели, најверојатно. Уште треба да се внимава многу на мерките.

Тие фамилии што имаат луѓе со хронични болести, да не ги заразат. За жал и млади со 40 години без некои коморбидитети, па и тие се хоспитализирани.

По втор пат дали некој се заразил немаме евиденција,“ изјави Гзим Нуредини, координатор во ковид-центарот.

Во моментот има 35 пациенти кои се хоспитализирани.

„После подолго време и вториот кат од интерно одделение повторно е отворено за прием на ковид болни. Има уште места, чекаме да видиме како ќе се одвива.

Направивме реорганизација, кога се отвори вториот кат ни требаа уште лекари и сестри, технички персонал, од други одделенија. Сигурно месец дена ќе ни треба да бидат тука. Зависи од епидемиолошка ситуација, карактеристика на вирусот и од пациентите што ги имаме хоспитализирано, објаснува Нуредини.

И тетовската клиничка болница има модуларна монтажна болница која се уште не се користи.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ: Во податоците на ДИК недостатоци и грешки кои може да дадат неточна слика за конечниот резултат

Редакција

Немало никаков предлог за конзул во Њујорк на затворена седница, тврди Груби

Редакција

Пациентите во штипската модуларна болница од денеска кислородот ќе го добиваат од резевоар

Редакција