еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Српска влада: Немаме организирано вакцинација за Македонци

На Белградскиот саем во тек е вакцинација на голем број странски државјани кои се имаат пријавено преку системот е-Управа, од кои најмногу има државјани на Босна и Херцеговина и Црна Гора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Мој Београде, вакцинирај ме“: Твитер реакции за масовната вакцинација на Македонци во Србија

Како што јави дописникот на МИА од Белград, викендов на Белградскиот саем се очекува вакцинација и на огромно мнозинство македонски државјани.

Според информациите од бројната македонска заедница во Србија и Белград, но и од српските граѓани кои го имаат дадено српскиот мобилен број за пријава на нашите државјани за вакцинација преку државниот портал е-Управа, деновиве дојдени се стотина смс пораки со закажани термини за сабота и недела за вакцинација со Астра Зенека.

До дописникот на МИА и дописништвото на МРТ во Белград, деновиве непрестано ѕвонат телефони на македонски државјани, оние кои имаат добиено покана за вакцинација и оние кои сакаат допрва да се регистрираат, кои бараат информации за начинот на вакцинирањето во Србија и дали им е потребен ПЦР тест за влез во Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонците викендов во „поход“ на Србија за вакцинација против Ковид-19

На македонските државјани и граѓаните на земјите од регионот достапна им е вакцината на АстраЗенека, а според кажувањата на вработените на Белградски саем, имунизацијата со вакцините „Синофарм“, „Фајзер“ или „Спутник Ве“ викендов не е можна за странци, само за српските државјани.

Граѓаните на Србија, од овој понеделник можат без закажување да се имунизираат со вакцините на АстраЗенека.

За да се пријават странци за вакцинација против коронавирус преку порталот е-Управа во Србија, покрај основните податоци и електронска адреса, потребно им е да имаат и српски број на мобилен телефон, преку кој се добива потврда за закажано време и место на вакцинација. Истата порака ја добиваат и преку елктронската адреса, а вакцинацијата во Србија е бесплатна.

За МИА од српската Влада одговорија дека е „на Саемот е отворено вакцинирањето со Астра Зенека“ и дека „владата нема организирано вакцинација на македонски државјани“.

Се очекува во наредните денови, а веројатно веќе за време на викендот, голем број странски и македонски државјани, дури и организирано да тргнат за Србија со цел да бидат имунизирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Вакцинирајте се во Србија ама вратете се за попис“: Твитер реакции

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжениот викенд со неповолни временски услови: Облачно и студено со повремен дожд

Редакција

81,8% од починатите од Ковид-19 во Македонија имале претходни заболувања

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Редакција