Министерството за здравство информира дека од утрово Институтот за трансфузиона медицина во Скопје, започна со дистрибуција на вакцината „АстраЗенека“ до здравствените установи низ државата, каде почнувајќи од утре, ќе се одвива вакцинација на лица над 77 годишна возраст.
„Националниот систем „МојТермин“ од синоќа од 19 часот ги отвори термините преку кои матичните лекари закажуваат вакцинација на гарѓани кои се опфатени во првата фаза и спаѓаат во групата 1Б, од Националната стратегија за ковид имунизација.
Вакцинацијата ќе се одвива, на постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи во градовите низ државата.
Вакцинацијата е прецизно организиран процес, испораката на вакцини ќе оди сукцесивно. До крајот на оваа и за следната недела, на територија на цела држава пуштени се 9.577 термини, а досега закажани се 5.976 термини за вакцинација на граѓани над 77 годишна возраст.
Од утре ќе стартува вакцинацијата во Скопје, односно во Поликлиниките Јане Сандански, Чаир и Букурешт, во Здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица и во болницата во Кавадарци.
Од петок ќе започне вакцинацијата во Тетово, Струга, Неготино, Крива Паланка, Вевчани, Валандово, Ростуше, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Свети Николе, Ресен, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица, Кратово, Кичево, Кочани, Радовиш, Виница, Пробиштип, Дебар, Пехчево и Македонски Брод.
Вакциналните пунктови низ државата ќе работат во две смени, ќе бидат отворени од 8 до 20 часот, од понеделник до петок.
Матичниот лекар не секој граѓанин кога му закажува тремин за вакцинација должен е да му каже во колку часот треба да се вакцинира и на кој пункт во здравствената установа каде се спороведува вакцинација против Ковид 19,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Важни совети од Пановски за вакцинираните со „АстраЗенека“ но и другите вакцини
Фото: МЗ