Најголем пазарен удел во приходите остварени од обезбедување на мобилни комуникациски услуги на малопродажниот пазар за третиот квартал од 2020 година има Македонски Телеком со 51,20 отсто, покажуваат најновите подтоци на Агенцијата за електронски комуникации.
А1 Македонија има пазарен удел од 47,46%, Лајкамобајл има удел од 0,49% додека Роби има удел од 0,82%.
Пазарните удели се пресметани за вкупниот приход кој претставува сума од приходи од: услуга за започнување на повик, од месечна претплата, од пренос на податоци, од терминална опрема, од СМС, од ММС, од роаминг (сообраќај, СМС и дата) и останати приходи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
А1 Македонија го „шие“ Македонски Телеком по бројот на претплатници на интернет преку мобилна мрежа
Пораст на бројот на претплатници на мобилна телефонија