еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Спасовски: Вработени во МВР издале 215 лажни пасоши, меѓу корисниците меѓународни криминалци и членови на нарко картели

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција информира дека е сузбиена криминална група од лица вработени во Министерството како референти и контролори за управни работи коишто ја злоупотребувале службената положба со издавање патни исправи на странски државјани употребувајќи туѓ идентитет.

Се користеле идентитите на наши сограѓани кои не поседувале биометриски лични документи. На овој начин биле издадени документи на 215 лица од кои 214 странски државјани.

Спасовски информира дека истрагата покажа дека патни исправи биле издавани на членови на меѓународни криминални групи и нарко картели.

Во акцијата на МВР која почната уште во 2019 година и се водела во соработка со амбасадата на САД во земјава и Интерпол се приведени 9 лица, а по едно се трага.

Едно од лицата во истрага немало служебни овластувања, туку работело како посредник со вработените во МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема акција на МВР: Десетина полициски службеници приведени поради фалсификување патни исправи и лични документи

Фото/Видео: Youtube/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Италијанците „полудеа“ од карантинот поради корона вирусот: „Возат“ глисери и „скијаат“ по дома

Редакција

Повеќе жени, најмногу на возраст од 30-39 години: Детали за новите случаи на заразени со Ковид-19 во Македонија

Редакција

Се забранува автобуски превоз кон Италија и Франција, заради превенција од ширење на корона вирусот

Редакција