еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Емотивна порака на македонска докторка: „Плачам како мало дете, вие гледате бројки, ние ги гледаме лицата на тие бројки“

Елена Павлевска, докторка на Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања на својот Фејсбук-профил упати емотивна порака околу состојбата со Ковид-19 и апел граѓаните да се придржуваат кон мерките за заштита и да се вакцинираат.

„Обично не пишувам статуси, но осеќам морална и професионална одговорност да се обратам иако е нешто по полноќ, и додека пишувам плачам како мало дете.

Сакам најпластично да ви објаснам каква е работата на медицинскиот персонал во ковид центри овој период – СЕ МОЛИМЕ НА СИТЕ БОГОВИ ДА НЕ ПОЧИНАТ ПАЦИЕНТИТЕ!

Сѐ правиме, даваме и повеќе од себе…едноставно вирусот е вон секаква контрола и не бира возраст.

Седете дома, носете маски и гледајте некако да се вакцинирате. Сите сме ризична категорија.

Вие гледате само бројки на социјалните мрежи, ние ги гледаме лицата и расплаканите фамилии на тие бројки.

И нема доволно силен човек за да се носи со сето тоа.

Кога лекарите молат за помош, треба да ја сфатите работата сериозно…, а молиме предолго веќе“, напиша Павлеска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кај кого МВР при акцијата за отровниот мазут најде и оружје?

Редакција

Најмногу снег има на Попова Шапка, 40 сантиметри

Редакција

(Видео) Објавена снимка како започнал пожарот во скопски Чаир

Редакција