еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Гривчева-Старделова: Од круцијално значење за справување со пандемијата е обезбедувањето на оптимални количини на вакцини

Здравјето е основно човеково право, а секоја личност заслужува да живее здрав живот без оглед на возраст, пол, етничка припадност, економска состојба, вели претседателката на Лекарска комора проф. д-р Калина Гривчева – Старделова по повод 7 Април, Светскиот ден на здравјето.

„Во годината што ја оставивме зад нас во услови кога светска пандемија предизвикана од Ковид-19 ги атакуваше сите сфери на општественото живеење, повеќе од било кога стана јасно колку е важна грижата за здравјето и улогата која ја има здравствениот систем во поширокиот контекст на живеењето.

Во периодот што измина се соочивме со многу предизвици во менаџирањето на сите нивоа на здравствениот систем, со дел од нив тековно се справивме, но дел ќе треба да се разгледаат и разрешат во периодот кој следи.

Воедно, исплива на површина и потребата за преземање конкретни чекори за воспоставување и овозможување пристап до квалитетни здравствени услуги без соочување со финансиски потешкотии за секој поединец во општеството.

Од круцијално значење за справување со пандемијата е обезбедувањето на оптимални количини на вакцини за да се постигне масовна имунизација, но и одржливо обезбедување на неопходен здравствен персонал.

Треба да се истакне и дека здравствените професионалци во земјава одговорно и на ниво на својата задача се одзваа на повикот за вакцинирање  и според официјалните податоци 75 отсто од нив веќе се вакцинирани против Ковид-19.

Здравствените работници имаат значајна улога во изградбата на здравствениот систем и тие професионално, посветено и пожртвувано се грижат за здравјето на граѓаните.

Во изминатите месеци соочени со предизвикот од непознатото и притисокот за спасување на човечки животи лекарите вложуваа натчовечки напори за да обезбедат квалитетна здравствена заштита.

Поради тоа Лекарската комора изразува најдлабока почит и благодарност до сите здравствени професионалци за силната истрајност, упорност и несебична грижа за сите пациенти, а особено за оние кои се соочија со Ковид-19.

Посебна почит искажуваме кон лекарите кои битката за животот на другите ја платија со сопствениот живот,“ вели Гривчева-Старделова во обраќањето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во септември регистрирани 4 случаи на ХИВ и 3 на СИДА

Редакција

Досега обезбедени 1.732 единици конвалесцентна плазма, третирани 1.431 пациенти

Редакција

Во пожарот во ковид-центарот во Тетово, почина и здравствениот работник Ферди Шакири

Редакција