Владиците Петар и Агатангел се хоспитализирани поради Ковид-19 во болницата „Систина“, објави телевизијата Сител.
Владиката Петар за Сител вели дека бил хоспитализиран од 23 март, поради превентива од можни компликации. Сега се чувствувал добро, но го чека негативениот тест за да си оди дома. Апелира до верниците сериозно да ја разберат состојбата со вирусот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владиката Петар за Фокус вели дека и Владиката Агатангел е во добра состојба, и дека тој бил хоспитализиран една недела после него.
На прашањето на Фокус зошто се лекуваат во приватна болница, одговара:
„На вашето прашање зошто ние, владиците се лекуваме од Ковид-19 во приватната болница Систина, и дали немаме верба во јавното здравство, ќе го дадам одговорот кога ќе излезам од болница“.