еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Кои производи содржат аспартам, кој според СЗО може да предизвика рак

Следниот месец се очекува дека Светската здравствена организација (СЗО) да го прогласи вештачки засладувач аспартам за можна причина за предизвикување на рак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО ќе го прогласи вештачкиот засладувач – аспартам како можна причина за рак

Што е аспартам?

Аспартамот е вештачки засладувач. Се користи како додаток во безалкохолни пијалоци, десерти, житарки за појадок и гуми за џвакање и само како засладувач.

Се состои од аспарагинска киселина и фенилаланин. Аспартанската киселина е несуштинска аминокиселина која природно се наоѓа во организмот, а фенилаланинот е есенцијална аминокиселина, која луѓето ја добиваат од извори како месо, млечни производи, ореви и семиња.

Кога се комбинираат, овие состојки се 200 пати послатки од обичниот шеќер, а истовремено се нискокалорични.

Кои производи содржат аспартам

Најчесто овој вештачки засладувач се користи кај газирани пијалоци, замрзнати десерти, слатки „без шеќер“, јогурт, гуми за џвакање и одредени витамини за џвакање.

За да видите дали производот содржи аспартам, прочитај ја етикетата. Дозволената доза е 50 mg на килограм телесна тежина.

Секогаш кога производот е означен како „без шеќер“, тоа обично значи дека има вештачки засладувач наместо шеќер. Иако не сите производи без шеќер содржат аспартам, тој е еден од најпопуларните засладувачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Србија е подготвена да го прифати концептот на предложениот договор за косовското прашање

Редакција

Од петок струјата поскапа за 7,4%

Редакција

Нови 336 случаи на Ковид-19 од 1.964 тестирања, во Скопје 145

Редакција