еМагазин
Image default
Балкан

Словенија ќе вакцинира со „АстраЗенека“ без оглед на возраста и полот

Словенија ќе ги укине ограничувањата за вакцината против Ковид-19 на „АстраЗенека“, така што во иднина сите луѓе, без оглед на возраста и полот, можат да се имунизираат со неа, освен ако не станува збор за особено ранливи групи луѓе со хронични болести.

Овој предлог на словенечката Влада и го дале експертите од нејзиниот научен совет за коронавирусот, јави Индекс.хр.

Според словенечката телевизија, медицинско советодавно тело се водело од мислењето на Европската агенција за лекови (ЕМА), која минатата недела, по анализа, повторно утврди дека вакцината е безбедна и ефикасна и оти придобивките од неа се многу поголеми од можните ризици.

ЕМА наведе дека употребата на вакцината треба да продолжи и покрај ретките појави на згрутчување на крвта.

Некои членки на ЕУ и покрај таквиот став на европскиот регулатор, ги задржаа или воведоа одредени ограничувања за групи во популацијата кои ќе се вакцинираат, додека Словенија во последните недели ја користеше вакцината на британско-шведската компанија за имунизација на населението на возраст од 60 до 65 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познатиот хрватски молекуларен биолог Иван Џикиќ: Поголема е веројатноста од тромбоза ако летате до Австралија и од контрацепција, отколку од „АстраЗенека“

Со „АстраЗенека“ се превенираат 30.000 починати од Ковид-19 на еден милион луѓе, наспроти еден од тромбоза вели Петличковски

„АстраЗенека“ е една од најквалитетните и најбезбедните вакцини, им ја препорачувам и на најблиските, вели Грозданова

Пановски: Од „Фајзер“ има 1,5 смртен случај на 100.000, а од „АстраЗенека“ еден случај на 100.000

МИА/Фото: Photo by Ivan Diaz on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Атлантик и PharmaS потпишаа купопродажба на Dietpharm

Редакција

Вучиќ: Српската опозиција сонува македонско сценарио

Редакција

Каменос нема да даде подршка ни на владата на Ципрас, ни за протоколот за влез на Македонија во НАТО

Редакција