еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата даде зелено светло: Лекувањето од Kовид-19 во приватните болници ќе чини до 5.000 евра

Владата ги усвои измените на Законот за здравствена заштита со кои ќе се регулираат цените во приватните болници за хоспитализација на болните од Ковид-19.

Измените, како што вечерва соопшти владината прес-служба, ќе бидат испратени на усвојување во Собранието.

– Со предложените измени се уредува и начин на вршење на здравствена дејност од страна на приватните здравствени установи при утврдено постоење на кризна состојба заради заштита на јавното здравје и прогласена епидемија или пандемија на заразна болест, а на Владата и се овозможува законско овластување да определува највисоки цени во приватните болници во висина на референтните цени утврдени од страна на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија за да се овозможи овие услуги да бидат подеднакво економски достапни за сите граѓани, со што ќе се заштити јавното здравје и економските интереси на сите граѓани, се вели во владиното соопштение.

Со предложените измени е предвидено и користење на ресурсите на приватните болници доколку условите го наложуваат тоа согласно состојбата предизвикана од пандемијата и се забранува преземањето на здравствените работници од јавното здравство од страна на приватните здравствени компании.

Предвидени се и измени во делот на глобите за прекршоци доколку приватните здравствени установи не постапуваат согласно законските одредби. 

Со измената на Законот за здравствена заштита се предвидува цените во приватните болници да бидат изедначени со рефернтните цени утврдени од Фондот за здравство, односно дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти да се движи од 40.000 до 305.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што предвидуваат законските измени: Колку граѓаните ќе плаќаат во приватните болници за лекување од Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за „Монструм“ на СЈО

Редакција

Дојавите за бомби во училиштата се лажни

Редакција

„СЕВДА“ – нежни љубовни ноти од балканските великани во македонската филхармонија за денот на виното и љубовта

Редакција