На 13.04.2021 околу 21.00 часот на ул.„Венјамин Мачуковски“ во Скопје, врз основа на Национална потерница од Основното јавно обвинителство, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Аеродром и Драчeво го лишиле од слобода Д.И.(51) од Скопје, информира МВР.
Тој бил баран за кривични дела „даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик за затајување на данок од 1.210.797 денари.
Лицето било предадено во Полициската станица Аеродром за понатамошна постапка.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.