Собранието на акционери на прехранбена индустрија „Кристал“ 1923 АД Велес, на седницата закажана на 14.05.2021 година ќе одлучува по предлог одлуката за продажба на повеќе недвижнини во сопственост на компанијата.
Во предлог-одлуката објавена преку Македонската берза може да се види дека на на продажба се нудат магацини во село Логоварди-Битола во вкупна површина од 17.511 квадрати од кои градежни објекти со површина од 5.647 квдарати, продавница во Битола со површина од 167 квадрати, Стоковна куќа 26-ти јули во Скопје со површина од 1.370 квадрати, продавница во Куманово со површина од 45 м2 и магацин во Кичево.
„Објектите да се продадат по пат на јавна продажба или со непосредна спогодба според пазарни цени кои се најповолни на продажбата“, пишува во предлог одлуката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Бане комерц трејд“ купи акции во „Кристал 1923“