еМагазин
Image default
Македонија

Оставката на Рашковски не влијае на работата по предметите, велат од Антикорупциска комисија

Оставката на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски не влијае на работата по предметите поврзани со него и постапувањето ќе продолжи согласно надлежностите и процедурите, информираат од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

-Во врска со поставеното прашање од повеќе медиуми, дали ДКСК ќе продолжи со постапување по предметите поврзани со Драги Рашковски, ДКСК информира дека оставката на поранешниот генерален секретар на Владата не влијае на работата по споменатите предмети.

Постапувањето ќе продолжи согласно надлежностите и процедурите на ДКСК, се вели во соопштението од ДКСК.

Драги Рашковски во објава на Фејсбук изутринава напиша дека се повлекува од функција секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и во објавата го сподели писмото што го упатил до премиерот Зоран Заев каде ги објаснува причините за, како што наведува, неотповикливото повлекување од функцијата.

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски, денеска на прес-конференција, информираше дека премиерот ја прифатил оставката на Рашковски.

Државната комисија за спречување на корупцијата на 10-ти минатиот месец отвори предмет за набавката на софтвер за контрола во сообраќајот, којшто го распишал Драги Рашковски како Генерален секретар на Владата, а се проверува и имотната состојба што ја пријавил во анкетниот лист.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 18-ти минатиот месец отвори предмет по допрен глас во врска со набавката на софтверот, а на 9-ти месецов беше извршен претрес во просториите на фирмата „Инвока груп“, од која е купен софтверот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев ја прифатил оставката на Рашковски

Кој се води истрага и има отворено предмети за Рашковски, кој поднесе оставка

(Фото) По бројните скандали, Драги Рашковски поднесе оставка

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По ратификацијата на Протоколот во грчкиот Парламент: За неполна недела Македонија ќе стане Северна Македонија

Редакција

Нови 999 случаи на Ковид-19 од 3.627 тестирања

Редакција

(Видео) „Изгубени во преводот“: Велешкиот градоначалник Аце Коцевски бараше македонски јазик на прес-конференција со министерот Арбер Адеми

Редакција