еМагазин
Image default
Балкан

Германскиот државен секретар за Европа, Рот: Цртањето нови граници на Западен Балкан е опасен пат

Германскиот државен секретар за Европа, Михаел Рот денеска на „Твитер“ напиша дека цртањето нови граници на Западен Балкан е опасен пат.

„Регионално помирување и соработка се клучни за мирот, демократијата и просперитетот. Цртањето нови граници е опасен пат“, напишта Рот.

Тој со твитот го поддржа официјалниот став на Европска Унија за Западен Балкан дека треба да се работи на регионално помирување и соработка, а не на менување на границите.

Рот исто така реагира на неофицијалниот документ (нон пејпер) на Јанез Јанша, премиер на Словенија, која е следна земја претседавач со ЕУ, за прекројување на границите на Западен Балкан.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Албанија повторно се тресе: Силен земјотрес утрово ги разбуди нашите соседи

Редакција

Грците нема да можат да бираат со која вакцина ќе се вакцинираат

Редакција

(ВИДЕО) Масовни синдикални протести во Грција, подршка дадоа и Ципрас и Варуфакис

Редакција