еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

„Улежаните“ почесто умираат од Kовид-19 отколку физички активните

Меѓу луѓето што барем еднаш биле болни од Kовид-19, претходната физичка неактивност е поврзана со многу потешки симптоми и поголема опасност од смрт, покажува истражување со скоро 50.000 испитаници кои биле заразени со коронавирусот.

Имено, според испитувањето на Медицинскиот центар „Кајзер перманент“ од САД, кај луѓето кои не биле физички активни најмалку две години пред пандемијата, има поголема веројатност да бидат однесени в болница, лекувани на интензивна нега и да починат.

Како ризик за сериозноста, физичката неактивност е надмината само од возраста и факторот трансплантација на орган, се вели во напис објавен во британскиот „Журнал за спортска медицина“.

Во споредба со други фактори на опасност, како што се пушењето, дебелина или висок крвен притисок, „физичката активност е највисок фактор на опасност во сите исходи на болеста“, се нагласува во написот.

И фактори возраст, машки пол, дијабетес, дебелина и кардиоваскуларни заболувања се често поврзани со потешко поднесување на Ковид-19.

Досега, „мрзливиот начин“ на живот не беше вклучен во категоријата фактори на ризик во однос на Ковид-19. Иако податоците се статистички убедливи, стручњаците истакнуваат дека заклучоците се засновани врз субјективни впечатоци и податоци од пациентите, па постои можност и за пристрасност.

МИА/Фото: Photo by roya ann miller on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кане Танака била родена 1903 година: На 119 години почна најстарата жена на светот

Редакција

Што пишува во биографијата на старо-новиот премиер Зоран Заев

Редакција

Кумулативната инциденца во Куманово над 100, како изгледа мапата по градови

Редакција