еМагазин
Image default
Македонија

Јанша му кажал на Мицкоски дека нон пејпер креирале Заев, Фајон и Пицула

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во синоќешното гостување во емисјата „Само интервју” на Канал 5 телевизија посочи дека разговарал со премиерот на Словенија, Јанез Јанша, кој негирал дека е креатор на документ за промена на границите.

Во разговорот Јанша му рекол дека за некаков сличен документ разговара македонскиот премиер Зоран Заев.

„Јас денеска разговарав со премиерот на Словенија, господинот Јанша, бидејќи сме ете и пријатели, тој пак друго ми кажа. Тој пак ми кажа дека Тања Фајон, Тонино Пицула и Зоран Заев креирале сличен таков нон пејпер кој што се шири по Европа“, рече Мицкоски.

Додаде дека можеби тој документ ќе биде познат на граѓаните на Македонија во многу скоро време.

„А, господинот Јанша ја пренесува својата неизмерна поддршка кон македонскиот народ, граѓаните на Македонија, кон Македонија и единствено иднината на Македонија ја гледа во рамките на обединета Европа“, појасни Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски: Секое прекројување на гранците на Балканот ќе донесе дестабилизација на регионот

Отстранување на границите на Балканот само со членство во ЕУ и влез во Шенген механизмот, вели Заев

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Заев Гоце Делчев е македонски, за Борисов голем бугарски револуционер и македонски војвода

Редакција

Основен суд Скопје 1: Груевски е должен доброволно да се јави на издржување на казната затвор

Редакција

Просечната возраст на заболените со Ковид-19 во Македонија е 44 години

Редакција