Mалиот хеликоптер „Инџинуити“ успешно летaшe над површината на Марс, објави НАСА. Станува збор за прв контролиран лет на едно летало на друга планета.
Хеликоптерот, кој тежи само 1,8 килограми беше донесен на Марс од роверот „Персеверанс“, кој слета на планетата на 18 февруари, годинава. Летот траеше помалку од една минута.
„Персеверанс нѐ донесе на Марс. Со „‘Инџинуити“ се издигнавме повисоко. Денеска испишавме историја со првото летало кое оствари контролиран лет на друга планета. Ова е нашиот браќа Рајт момент на Марс“, напишаа од НАСА на Твитер.
You wouldn’t believe what I just saw.
More images and video to come…#MarsHelicopterhttps://t.co/PLapgbHeZU pic.twitter.com/mbiOGx4tJZ
— NASA's Perseverance Mars Rover (@NASAPersevere) April 19, 2021
Фото/Видео: НАСА/Твитер