еМагазин
Image default
Бизнис

Промени во Одборот на директори на „Европа“

Акционерите на „Европа“ АД Скопје на годишното собрание на акционери закажано за 11 мај 2021 година ќе одлучуваат по предлог одлуката за избор на членови на Одборот на директори, соопшти компанијата преку Македонската берза.

На членовите на Одборот на директори: Наташа Милева, Марија Каранфиловиќ, Марика Караџова, Драган Наков, Есамедин Хасани и Селаудин Арифи им престанува мандатот поради истек на периодот од 4 години за кој биле избрани.

За членови на Одборот на директори со мандат од 4 години повторно се предлагаат Наташа Милева, Марија Каранфиловиќ, Марика Караџова, Драган Наков, Есамедин Хасани и Селаудин Арифи, а како нов член се предлага Нико Ташков.

„На неизвршните членовите на Одбор на директори им се определува месечен надомест во износ од 30.000 денари“, соопшти компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европа лани ја зголемила добивката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Европа“ лани со намалена добивка

Редакција

Министерството за земјоделство вработува 14 лица, плата до 33.028 денари

Редакција

„Окта“ ќе исплати дивиденда во бруто износ од 73 денари за акција

Редакција