еМагазин
Image default
Македонија

Се јави Груевски: Невозможно е да замрзнале мој имот кој го немам и никогаш не бил моја сопственост,

По информацијата дека Јавното обвинителство замрзнало имот на Никола Груевски, кој избега во Унгарија, каде стана азилант, на Фејсбук се огласи поранешниот премиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДК: Замрзнат имот на Груевски од новооткриените 3.000 квадрати на Водно и два стана на Бихаќка

“Невозможно е да замрзнале мој имот кој го немам и никогаш не бил моја сопственост, кој никогаш не сум го купил, ниту сум го платил, ниту поседувал, ниту бил на нечие друго име или слично.

Тие си знаат чии имот замрзнале, но мој сигурно не, и под кои услови и околности кон лицата чии имот го замрзнале, што им е договорот и со што ги уцениле, па како резултат на тоа ги знаат и причините заради кои тие лица “не се жалеле”.

Уште еднаш повторувам дека ниту пријавени ниту непријавени земјишта, ниту станови како што наведуваат имам купено“, пишува тој меѓудругото на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски тврди дека имал дозвола за пиштолите

Во стан на Груевски пронајден 4 пиштоли, за кои немал дозвола

За што се работи во предметот „Плацеви на Водно“ во кој се води истрага за Груевски, Мијалков и Камчев

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Силјановска со видео и објаснува на јавноста зошто се кандидирала за претседател на државата

Редакција

Пациентите кои се спасија од пожарот во тетовскиот ковид-центар се пуштени дома, уште двајца се во болница

Редакција

Кој се ќе биде дел од новата Влада: Заев денеска ќе го достави до Собранието предлог составот

Редакција