еМагазин
Image default
Македонија

Груевски тврди дека имал дозвола за пиштолите

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега од Македонија во Унгарија, на Фејсбук пишува дека за пиштолите кои беа најдени во неговиот стан во Скопје, имал дозвола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во стан на Груевски пронајден 4 пиштоли, за кои немал дозвола

„Тоа е неточно. Моите четири пиштоли се со дозвола издадена од МВР и на местото каде можеле да ги пронајдат беше и дозволата за нив.

Таа дозвола беше важечка во моментот кога заминав од Македонија со цел да побарам политички азил заради политичкиот прогон на власта.

Подоцна, по моето заминување можеби рокот на дозволата истекол, но јас не сум во Македонија и не сум во можност да барам продолжување на рокот на дозволата за оружјето.

Оружјето заедно со дозволата и муницијата со документи за набавка на истата, пред се за случајно да не дојдат во раце на децата, беа сместени во мал заклучен сеф, користен само за тоа, така што никој друг неможеше да има пристап до истото“, напиша Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што се работи во предметот „Плацеви на Водно“ во кој се води истрага за Груевски, Мијалков и Камчев

Нема ни стан, ни куќа, ни автомобил: Каков имот пријави Груевски, додека беше премиер и пратеник

Се огласи Груевски: Два стана се на мајка ми, а другите два беа под закуп, нема на име на секретарка

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Васил Тупурковски: Треба да го прифатиме договорот за името како единствено реално решение

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 604 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција