еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

АстраЗенека: Нашата вакцина е ефикасна 76 отсто

Компанијата „АстраЗенека“ соопшти дека нејзината вакцина против Ковид-19 е 76 отсто ефикасна во спречување на симптоматските форми на болеста, покажува најновата анализа на главното истражување во САД, нешто пониска од нивото објавено претходно оваа недела во извештајот критикуван за употреба на застарени информации.

Американските здравствени власти јавно му забележаа на производителот на лекови што не ги користел најновите информации кога во понеделникот објави привремена анализа во која се наведува дека вакцината е ефикасна 79 проценти.

– Примарната анализа е во согласност со нашата претходно објавена привремена анализа и потврдува дека нашата вакцина против Ковид-19 е високо ефикасна кај возрасните, вклучително и кај оние над 65 години, рече Мене Пангалоса, извршен потпретседател на „АстраЗенека“.

Тој најави дека компанијата ќе достави регулаторна апликација за одобрување за „итна употреба во САД и ќе се подготви за испорака на милиони дози низ Америка“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американско истражување: Вакцината „АстраЗенека“ е безбедна и високо ефикасна

СЗО: Вакцината на “АстраЗенека“ има голем потенцијал за спречување инфекции

Зошто фама околу вакцините „АстраЗенека“: Дали се во прашање и бизнис интереси?

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Им подлегна на повредите: Почина Шинзо Абе, поранешниот јапонски премиер

Редакција

(Фото) Ново хит место: “Beer garden“, урбана пивница во срцето на Дебар маало

Редакција

Заев по прославата на Мечкин Камен продолжува во Охрид и Грција- министрите од денеска на одмор

Редакција