еМагазин
Image default
Балкан

Институтот „Торлак“ кој ќе произведува еден милион вакцини „Спутник V„ месечно, постои речиси 100 години и е познат по својата експертиза

Во Институтот „Торлак“ веќе се подготвува производството на вакцината „Спутник V“, а капацитетот на производство е еден милион дози на месечно ниво. Овие дози на вакцини ќе бидат на располагање на сите околни земји.

„Тоа што овде ќе се произведува на Институтот „Торлак“ нема да биде само за потребите на Република Србија туку и за потребите на целиот регион, а посебно нашите братски и комшиски држави како што е Северна Македонија,“  изјави државниот секретар за здравство на Србија, Мирсад Черлек при денешната посета на министерот за здравство Венко Филипче на овој Инсититут.

Институтот „Торлак“ е познат по својата екпертиза и постои веќе 100 години, а во сиот овој период преку него се снабдуваат сите околни земји со потребните вакцини. Тој е комплетно обновен пред неколку години и во моментов функционира со надградени капацитети.

„Овој Институт во којшто сега се наоѓаме на посета е познат по својата експертиза и искуство, приближно 100 години постоење, афилиран е со Фармацевтскиот факултет тука во Белград.

Агенцијата за лекови исто така се наоѓа тука. Пред неколку години не знаејќи дека доаѓа ваква криза значајно се надградени капацитетите за производство и целокупната машинерија е целосно обновена што сега довело до тоа да бидат спремни за последната фаза од производство на вакцината „Спутник V“.

Ова е производство кое што се надополнува на веќе постојното производство на други вакцини коишто Институтот „Торлак“ со години наназад ги снабдуваше сите земји на бивша Југославија,“ изјави Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Многу е веројатно вакцината против Ковид-19 да биде сезонска, од „Торлак“ ќе обезбедиме сигурна набавка

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хашим Тачи ќе поднесе оставка ако нема промени на границата на Косово

Редакција

Ива Митева од Има таков народ – нов претседател на бугарското Собрание

Редакција

Вучиќ и Орбан ја пуштија во употреба брзата пруга од Белград до Нови Сад

Редакција