еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Уапсен 59-годишниот маж, кој преку социјалните мрежи се закануваше дека ќе силува малолетничка

На 21.04.2021 полициски службеници од Полициската станица Свети Николе го лишиле од слобода Б.Т.(59) од с.Ораовица, радовишко, со престојувалиште во с.Ерџелија, светиниколско, поради постоење основи на сомнение дека преку социјални мрежи намамувал малолетничка на обљуба, информира МВР.

„По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници и по добиена Наредба од Основен суд Свети Николе, извршен е претрес во домот на М.А.(63) во с.Ерџелија, каде престојувал Б.Т., при што одземен е мобилниот телефон кој го користел осомничениот.

По целосно документирање на случајот, против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство“, соопшти МВР.

Станува збор за случај за којшто вчера на Фејсбук страницата „Стоп педофилија“ беа објавени фотографии од вознемирувачката комуникација меѓу овој маж и 15-годишното девојче.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата в среда ќе ја одреди сумата што ќе се потроши за референдумската кампања

Редакција

Скопјанец со „Гранд Чероки“ удри во 12-годишно дете

Редакција

Горчлива првомајска честитка за работниците: Нови услови за помош или за отпуштања

Редакција