еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Димитриевска чиј сопруг загина кај Млечен, реагира на изборот на Бундалевска за виш јавен обвинител: Ја наградија, наместо да ја казнат

Тетовчанаката Наташа Димитриевска Апостоловска која долго време ја бараше правдата за нејзиниот сопруг Гоце, кој загина во сообраќајна несреќа кај Млечен ресторан, а таа се здоби со тешки повреди и го изгуби бебето, реагира на изборот на обвинителката Снежана Бундалевска Георгиевска за виш јавен обвинител.

Димитриевска поднесе преставка до Судски совет за судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, која на обвинетиот Васил Чорбаџиев му досуди условна казна. А со преставка, Димитриевска се обрати и до Советот на јавни обвинители со која бараше преиспитување на постапувањето на обвинителката Снежана Бундалевска, која го водеше предметот.

Бундалевска Георгиевска, пак, вчера беше избрана за обвинител во Вишото јавно обвинителство.

Апелацискиот суд сепак ја преиначи казната за Чорбаџиев и наместо условна, тој доби затворска казна. Димитриевска информираше дека Чорбаџиев од 13 април е на издржување казна затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитриевска поднесе претставка за судиката кој пресуди за сообраќајката кај “Млечен“, ќе следува и за обвинителката

Обвинетиот од сообраќајката кај Млечен ќе оди во затвор, Апелација ја преиначи казната

Фатиме Фетаи избрана за обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје

Фото: Апостоловска/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да помогнеме на хуманото семејство Белчовски, кои ги донираа органите на трагично загинатата ќерка Верица

Редакција

(Мапа) Штип останува на врвот со најмногу заразени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Директорката на АД „Аеродроми“ Миликије Халими завршила економски факултет?

Редакција