еМагазин
Image default
Македонија

Ќе се менува Законот за адвокатура: Се воведува континуирана обука со фонд на часови

Министерството за правда подготвува предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за адвокатура.

„Со донесувањето на овој предлог закон се предвидува воведување континуирана обука за адвокатите, организирана од страна на Адвокатска комора со законски утврден фонд на часови на годишно ниво, како и сеопфатна анализа на постојната законска поставеност и работа на адвокатската професија и пристапување кон нејзина реформа согласно со реформите во другите сегменти од правосудниот сектор“, пишува во најавата на законските измени објавена на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).

Се вели дека основна цел на измените е јакнење на адвокатската професија која ќе може да одговори на реформираниот правосуден сектор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За инцидентот со македонскиот уметник Андреевски во Солун, МНР ги алармираше грчките власти, а грчката амбасадорка е повикана на разговор

Редакција

СДСМ во вторник ќе предложи Резолуција за Илинден во македонското Собрание

Редакција

Кривична за полицајците кои не му пишаа казна на братот на градоначалникот на Гази Баба

Редакција