еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

За пет месеци рециклирани 100.000 пластични шишиња и лименки во Општина Центар

До денес, во рамките на проектот „И отпадот има вредност!“, рециклирани се 100.000 PET пластични шишиња и лименки преку повратните вендинг машини на ЈП ПОЦ и Општина Центар кои веќе пет месеци собираат амбалажи кои одат на понатамошна обработка, а жителите за тоа добиваат субвенции од Општина Центар на нивната Green Pay картичка.

„Интересот на граѓаните за користење на повратните вендинг машини за рециклирање на пластични шишиња и лименки е навистина голем. Оваа бројка од 100.000 рециклирани амбалажи е сигнал до нас дека жителите ја прифатија оваа идеја што ни дава мотив да продолжиме да инвестираме во овој проект за да создадеме модерна општина по пример на светските трендови“, изјави Васко Кичевски, директор на ЈП Паркинзи на Општина Центар.

На територија на Општина Центар досега има 8 машини за рециклирање кои се поставени пред бараките на Општина Центар, кај слаткарница Апче, кај монтажната гаража „Буњаковец“, во затвореното паркиралиште „Дом на градежници“, во затвореното паркиралиште „Зелен пазар“, во ГТЦ, кај затвореното паркиралиште „Дилајла“ и на аголот спроти Министерство за економија во Капиштец, a до крајот на годината ќе бидат поставени вкупно 27 машини.

„Среќен сум што жителите на Центар ги препознаваат нашите напори и активно се вклучуваат во создавање на поубава животна средина за сите. Ова ни дава елан како локална самоуправа и понатаму да вложуваме во напредни решенија за нашата општина“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Општина Центар е прва општина во регионот која одлучи на уникатен начин да ја развие еколошката свест на граѓаните и да им овозможи да учествуваат во правилно справување со отпадот преку рециклирање на пластични шишиња и лименки со цел да придонесат во намалувањето на количината на отпадот кој завршува во депониите.

Фото: Photo by Nick Fewings on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Безмилосна сеча на ретки дрвја во Козле: „Пресечена историја“

Редакција

(ВИДЕО) Мицкоски бара Владата да прогласи вонредна состјба поради загадениот воздух

Редакција

Шилегов бил надлежен за 187 од 1.000 дрвjа во Скопје и е изненаден од каде баш сега интерес за „заробените“

Редакција