Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 53 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
Вкупно 566 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 20 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 17 примени пациенти и 13 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во Козле не билe примени болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.
На Институтот за физикална медицина, е примен еден нов пациент.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 63 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 224 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 131 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 144 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 22 пациенти.
На Клиниката за детски болести има 7 деца позитивни на Ковид-19 вирусот и 4 мајки, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 30 болни,“ се додава во соопштението.
Фото: МЗ